Нема бегање од полицијата во Дубаи

0

Полицијата во најголемиот град во Обединетите Арапски Емирати – Дубаи моментално поседува најскапи и најмодерни суперавтомобили во светот. Посебно за патролните автомобили е изградена компанијата „В Моторс“, која е најпозната по својот суперавтомобил „Ликан Хиперспорт“. Ова чудо од автомобил, за кратко време успеа да се прослави низ светот и веќе се појави во филмот „Брзи и бесни“.

За сега ни е познато само новото име на ова теренско возило – “Ѕверска патрола”, но неговите технички податоци сè уште не се откриени. Ниту пак е познато дали станува збор за подесување на некој од постојаните модели или станува збор за сосема уникатен дизајн.

Овој нов уникатен модел има посебен дизајн на предниот дел – тоа потсетува на возилото „Ликан“, но е опремен со интегриран моќен браник. Покрај тоа, новиот полициски автомобил има ентериер со индивидуален дизајн, со изобилство на мултимедијални екрани. Кога сме кај задните странични врати, тие исто имаат нова техника на отварање – се отвораат против текот на движењето кои се погодни за приведување на злосторниците. Дел од задниот браник е преклопен и може да се користи или како клупа или како скаличка за искачување на покривот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com