Бескрајните врнежи направија вистинско море среде пустината (ВИДЕО)

0

Саудиска Арабија од 10 ноември е погодена од невидени врнежи од дожд, а колку е само лоша ситуацијата покажува фактот дека лошите временски услови зедоа човечки животи и оштетија голем број куќи и други објекти.

Триесет лица загинаа во Саудиска Арабија во последните неколку дена, како резултат на страшните врнежи и поплави, според весникот „Саудиски весник“. Во меѓувреме, спасувачките служби евакуираа речиси 4.000 луѓе од областите погодени од поплави. Корисниците на социјалните мрежи објавија снимки кои покажуваат дека поплавите направиле цело море во пустината. Многумина ги нарекоа овие снимки апокалиптични. Водата буквално ја покриваше пустината, а возилата едвај се движеа на таков терен. Многу очевидци тврдат дека никогаш не виделе ваква несреќа во таа пустинска земја.

Видеото што предизвика најголема реакција на јавноста е, секако, клип на кој Бедуин и неговата сопруга го носат стадото на камили по огромните врнежи.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com