Неверојатни места во Европа кои не се доволно посетени

0

Франција и Италија се фантастични, но што е со земјите кои не се толку популарни? Доколку размислувате за каде да ги купите следните авионски карти, не сакате да патувате на препосетени места, или само сте многу љубопитни, погледнете некои од местата кои се помалку посетени во Европа.

  1. Кипар

Островот е јужно од Турција, западно од Либан и југоисточно од Грција, па мешавината од култури е посебна и дефинитивно вреди да се види.

  1. Фарски Острови

Автономна земја, составена од 18 острови во рамките на Кралството Данска, Фарските Острови се една од најдобро чуваните тајни во Европа.  На краток лет од Велика Британија, овие величествени острови дефинитивно се идеално место за љубителите на природата и на живописните села.

  1. Финска

Фантастично место од кое може да се гледа северната светлина, а исто така земјата  може да се пофали со кучешки санки, селото на Дедо Мраз и безброј неверојатни острови покрај брегот.

  1. Луксембург

Откријте ја оваа мала европска нација, која нуди сè од забавен ноќен живот и неверојатна уметност до прекрасна природа и зачудувачки замоци. Тоа е толку близу до Париз, Белгија и Амстердам, што многу патници ја избегнуваат можноста да го проверат. Не биди еден од нив!

  1. Малта

Луѓето на овој величествен остров се познати по нивната гостопримливост и великодушност, а додека сите други што ги познавате се борат со гужвите во Грција, вие ќе уживате на овој помалку откриен и уште поубав остров.

  1. Црна Гора

Нејзините стари градови ќе ве вратат назад во некое друго време и ноќниот живот ќе биде исклучително забавен. Морето е прекрасно, луѓето се пријателски настроени, и храната многу здрава и вкусна.

  1. Норвешка

Оваа скандинавска земја нуди здрав начин на живот, убава природа без оглед на сезоната, и вкусна кујна. Освен тоа, каде на друго место можете да го гледате изгрејсонцето на полноќ, северните светла а и да се шетате со поларните мечки?

  1. Полска

Без разлика дали сакате историско и емотивно патување кое вклучува посета на Аушвиц, или обожавате да гледате извонредни архитектонски дела, Полска е место за кое мора да се посети. Таа нуди практично сè што некогаш може да посака по цени кои ни се многу достапни.

  1. Романија

Дали сакате да гледате прекрасни водопади, шармантни „уметнички“ градови, замоци и седум локации на светско наследство на УНЕСКО? Па, Романија е вистинското место. Оваа прекрасна земја треба да биде на списокот за места за посетување на сите.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com