На навивачите на Херта им преседна прославата

0

Немили сцени можеа да видат илјадниците гледачи на „Сигнал Идуна Парк“ денеска, но и милионите ТВ гледачи, откако изби жестока тепачка меѓу хулиганите и полицијата на натпреварот меѓу домашната Борусија и Херта од Берлин.

Повод за судирот прославата на гостите од Берлин – 15 години од „Хаупштат Мафија“ со огромен транспарент и пиротехника. Полицијата веднаш виде проблем (!?) па им го одзеде транспарентот на навивачите на Херта. Тоа ги изреволитра хулиганите од Берлин, кои тргнаа физички да се пресметуваат со полициските службеници.

Следуваше фрлање на солзавец, па целиот хаос го стави во втор план мечот помеѓу Борусија и Херта, кој заврши без победник (2-2).

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com