НА КОЈ СОН ТРЕБА ДА МУ СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ?

0

 

Повеќето сонови имаат скриена порака,која треба само да се знае да се прочита.На одреден сон навистина треба да му се обрне внимание.Повеќето луѓе тврдат дека никогаш не можат да се сет ат што сонувале.Многумина така се будат мислејќи дека немале ниту еден сон во текот на ноќта.Но баш и не е точно тоа.Секој во текот на ноќта сонува, а психолозите тврдат дека сонот може да ни ги открие проблемите,кои всушност не мачат во текот на денот.Поради тоа важно е да се обрне внимание на сонот бидејќи ни испраќа одредена порака.

1.Летање

Соновите за летање се многу чести и значат дека требаме да работиме на нашата желба за моќ и амбиција.Летањето е врзано за моќ и влијание.Ако во сонот летаме,тоа значи дека веќе сме донеле важна одлука и можеме да влијаеме на одредени работи и настани.Но да се сонува како паѓаме во текот на летот не е добар знак.

2.Паѓање

Кога имаме чувство дека во животот губиме контрола над нешто,тогаш најчесто сонуваме сонови за паѓање. Повод за таквиот сон може да биде губење на работа или важна личност.Таквите настани ни ја намалуваат силата и го зголемуват чувството на ранливост.Ако сонуваме сон за паѓање,тоа е знак дека треба да се соочиме со своите стравови и да почнеме да работиме со нив.

3.Вода

Елементот на вода, често се појавува во соновите.Ако во сон главниот акцент е на вода,тоа многу ни зборува за нашата емоционална состојба.Ако водата е бистра,нашиот емоционален живот е врамнотежен.Ако сонуваме поплава,бранови  или валкана вода,тоа значи дека сме вознемирени поради нешто.Да се сонува водопад е добар знак,наговестува нова прилика и нов почеток.

4.Инсекти

Ако сонуваме повеќе мали инсекти,таков сон може да не предупреди на некои проблеми кои ни пречат во животот.Во превод слободно почнете да работите на своите проблеми.

5.Испаѓање на забите

Ова е најчест ноќен кошмар,како во сон така и во реалноста.Испаѓањето на заби во сон упатува на тоа дека сме изгубиле контрола и моќ над некои подрачја во својот живот,а како резултат на тоа и својата самодоверба.Доколку сте имале таков сон,не Ви преостанува ништо друго,туку повторно да станете ‘‘силни‘‘.

6.Смрт

Да се сонува смрт,може да значи дека се ближи крај на некој период во нашиот живот.Нема причина за страв и паника ако сонуваме смрт.Тоа не значи крај на животот,но значи крај на одредена ситуација и наговестува почеток на нешто ново.

7.Бременост

Соновите за бременост упатуваат на значаен растеж и ширење,на пример во работата,унапредување или шанса за некои важни настани во животот.

8.Оган

Да се сонува оган може да има повеќе значења во зависност од контекстот.Ако од далеку видиме оган,тоа може да упатува за некаква желба за нешто.Од друга страна, ако сонуваме дека си ‘‘играме‘‘ со оган,значи дека често се наоѓаме во тешки ситуации.Ако пак се обидуваме да запалиме оган,тогаш најверојатно потиснувате лутина и бес во реалниот живот.

9.Да се биде гол

Ако во сон сонуваме дека сме голи,тоа упатува дека имаме помалку самодоверба и сигурност,особено ако сонуваме дека сме голи на улица,каде повеќе луѓе можат да не видат.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com