Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

На времето го победи Мохамед Али, денес мизерува во Бугарија

0

Холандската боксерска легенда, шампионот кој успеа да го победи Мохамед Али во 1973 година во Џакарта – 73-годишниот Холанѓанец Руби Луберс мизерува веќе изесен период во стара, запуштена приколка крај местото Кошарица во Бугарија.

Состојбата му е влошена и од некогашната спортска ѕвезда тој се претворил во клошар.Со него е и сопругата Риа, која е болна и има потреба од итна помош. За проблемот што ја скандализираше спортската јавност во Холандија, сигнализираше порталот Флагман.БГ што го уредуваат Бугари што живеат во земјата на лалињата.

Луберс заминал во Бугарија пред околу 7 години, откако одлежал осумгодишна затворска казна за шверц на наркотици, за што поранешниот боксер тврди дека му било намонтирано.

Брачната двојка живее во стара приколка, во нечовечки услови, а сопругата е прикована на креветот. И покрај тоа, тие огледуваат 20 кучиња, кои претставуват дополнителна опасност за нив.

Во Холандија започна кампања за помош на боксерот. Неговиот си веќе пристигнал во Бугарија, со намера да го убеди татко си да се врати во татковината, за да му се укаже потребната помош.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com