Најстариот брод пронајден на дното на Црното Море

0

 

Археолозите пронајдоа антички брод на дното на Црното Море, за кој се смета дека е најстариот потонат брод на светот, чиј облик досега е виден само како украс на древните керамички предмети. Веројатно, античкиот грчки брод се наоѓал на длабочина од нешто повеќе од една милја. На таа длабочина, во близина на бугарскиот брег, количината на кислород е многу ниска, па токму поради тоа, бродот е добро зачуван. На тој начин, преживеале кормилото, јарболот и клупите на веслачите.

Бродот со должина од 23 метри е сличен на оние бродови  кои се насликани на старите грчки садови, објави „Интерфакс“. Најверојатно, тоа е пентеконтор. Возраста на бродот е негде околу 2.400 години, што го прави најстар потонат брод во историјата.

Мали фрагменти од пронајдокот биле испратени во Универзитетот во Саутемптон за анализа. Тим истражувачи планира да го остави бродот на истото место на морското дно крај брегот на Бугарија, каде што беше најден.

За три години, меѓународниот тим на научници кои проучувале како се изменува новото на Црното Море, пронајдоа повеќе од 60 пронајдоци.

Двочасовен филм за нивната макотрпна работа се прикажува во Британскиот музеј.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com