Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Најсмешни модни парчиња во 2018

0

Цела година ги пратиме ѕвездите, секојдневно го оценуваме и го критикуваме нивниот изглед.  Поголемиот број од нив ни оставаат позитивен моден впечаток, но се случува и најпопуларните ѕвезди да направат по некоја грешка. Дојде крајот на 2018 година, со тоа дојде и време да се објави листата за најсмешни модни парчиња.

  1. Пижама стил

Модниот стил „Само што станав од кревет“ дефинитивно не е за секој. Актерката од популарната американска серија „Ривердејл“ – Меделин Печ речиси го совлада овој стил, но за жал решила да додаде непотребен детал – проѕирна маица без ракави со врвци.

Топ моделот Каја Гербер направи уште поголем криминал. Хулахопките со натпис, широкиот џемпер и светкавото здолниште се дефинитивно многу лоша комбинација.

  1. Гол стил

Хајди Клум веќе долго време не е ангел од „Викторијас Сикрет“, но според непристојниот начин на облекување на црвениот тепих, таа се чувствува како да е.

Нејзината помлада колешка – манекенката Бела Хадид е облечена премногу провокативно. Гледајќи ја Бела од далеку, веројатно би помислиле дека е навистина гола.

  1. Розови фустани

Пинк на  церемонијата „Греми“ облече необичен шарен фустан со пердуви.

Кејт Хадсон проба да ја комбинира елеганцијата од XVIII век и срцата од „Денот на вљубените“, но неуспешно.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com