Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Најскапи дизајнерски чанти во светот

0

Нема ништо подобро од комплетирање на прекрасната модна комбинација со убав накит и луксузна чанта што одговара. Но, колку пари Вие би потрошиле на една чанта?

“Finances Online” ја откри својата листа на најскапи чанти во светот во 2018 година.

  1. Mouawad 1001 Nights Diamond Purse

Цена  – $3,8 милиони

На врвот на луксузната листа е фасцинантната “1001 Nights Diamond“ чанта од престижниот бренд “Емирати“ и швајцарскиот бренд за накит “Мувад“. Блескавата чанта во облик на срце е рачно изработена од 18-каратно злато и има 4.517 дијаманти. Скапоцени камења – 105 жолти, 56 розови и 4.356 безбојни – имаат комбинирана тежина од 381,92 карати.

Чантата е дизајнирана од Роберт Мувад кој е сопственик на бизнисот од трета генерација и е изработена од 10 занаетчии. Биле потребни вкупно 8.800 часа да се изработи оваа зaшеметувачки убава чанта.

  1. Hermès Kelly Rose Gold

Цена – $2 милиони

Дизајнирана од модната куќа Хермес во соработка со јувелирот Пјер Харди, оваа впечатлива чанта е имитација на крокодилната кожа и е изработена од цврсто розево злато. Таа се одликува со впечатливи 1.160 дијаманти.

  1. Hermès Birkin Bag

Цена – $1,4 милиони

Оваа софистицирана чанта е дизајнирана од Јапонецот Гинза Танака. Направена е од платина и има дијамантна лента која може посебно да се користи како ѓердан.

Исто така, во средина има парче од осум карати во облик на круша, кое се удвојува како брош. На предниот дел на чантата има впечатливи 2.000 дијаманти.

  1. Hermès Chaine d’Ancre Bag

Цена – $1,4 милиони

Хермес продолжува да доминира и на оваа листа се најде уште еден негов дизајн – Chaine d’Ancre Bag. Чантата е наменета за дами кои бараат некој поуникатен модел, а така е именувана  поради тоа што на неа има 1,160 дијамантно-обложен синџир.

  1. Lana Marks Cleopatra Clutch

Цена – $400,000

Секоја година се издава само една Lana Marks Cleopatra Clutch, што ги прави исклучително ретки и многу вредни. Цената е од 100.000 до 400.000 американски долари, секоја клач чанта има различен дизајн и боја.

Познатата кинеска актерка Ли Бингбинг моментно е сопственик на најскапиот Клеопатра Клач. Нејзината чанта е направена од американска алигаторска кожа и украсена е со 1.600 бели дијаманти. Исто така го има нејзиното име напишано на врвот на чантата во розови и розови златни дијаманти

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com