Најскапи билети за финалето на Евровизија досега

0

Билетите за финалето на Евровизија што ќе се одржи на 18 мај во Тел Авив чинат 1.000 евра. Ова се најскапите билети за едно финале на Евровизија досега, велат евровизиските обожаватели што секоја година одат на музичкото натпреварување. Според нив, Тел Авив е една од најскапите дестинации на коишто се одржувала Евровизија.

Синоќа се одржа второто полуфинале, а Тамара Тодевска имаше импресивен настап и успеа да се пласира за утрешното финале.

На финалето на годинашниот Евросонг како специјален гостин со две песни ќе настапи и Мадона.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com