Најскапата свадба во Русија за 2018 година

0

Сала за 600 луѓе во еден од најелитните ресторани во Москва, камиони со цвеќиња, маси со секакви вкусни јадења и два невестински фустани со цена од 30 милиони рубли (400 илјади евра). Свадбата на 22-годишната невеста Аида, ќерка на чеченскиот бизнисмен Умар Џабраилов беше прогласена за најскапата свадба во Русија за 2018 година.

Иако најскапа годинава, таа е сепак само втора во последно време, бидејќи приматот го носи легендарната свадба на фамилија Гуцериеви, ингушскиот олигарх, кој  пред две години, во 2016 година направи свадба со вкупна цена од 76 милиони рубли ( 1. 000 .000 евра).

На овогодишната свадба не настапуваа Џенифер Лопез, Стинг, Енрике Инглесијас и легедарната руска пејачка Ала Пугачева, туку познати чеченски, грузински и други кавказки пејачи.  А се другото е скоро исто, дури и ресторанот каде што е организирана свадбата.

За најскапата свадба во 2018 година биле потрошени вкупно 40 милиони рубли (532 илјади евра).

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com