Најпопуларни градови во 2018 година

0

Како што се ближи крајот на 2018 година, компанијата Мастеркард објави листа на најпосетувани места низ светот.

5.Сингапур – 14,47 милиони странски туристи

Сингапур привлекува многу туристи со својата еколошка чистота и голем број програми за зачувување на културното и историското наследство. Земјата има една од најниските стапки на криминал во светот. Доколку не сте знаеле, во Сингапур англискиот јазик е доминантен меѓу четирите официјални јазици, што им олеснува на туристите да комуницираат. Популарни туристички атракции во оваа интересна земја се – зоолошката градина во Сингапур, ноќното сафари, птичјиот парк Џурунг.

4. Дубаи, ОАЕ – 16,6 милиони странски туристи

Дубаи – најголем град во Обединетите Арапски Емирати, морско пристаниште, главен административен центар на емиратот Дубаи, најважен трговски финансиски центар во ОАЕ. Една од најпознатите атракции во градот е Бурџ Калифа – облакодер кој наликува на сталагмит. Од 19 мај 2008, токму таа зграда се смета за највисока зграда во светот.

3.Париз, Франција – 17,95 милиони странски туристи

Париз е познат како најромантичен град и град на љубовта, но исто така, тој е и главен политички, економски и културен центар во Франција. Историски центар, формиран од островот Сити и двата брена на реката Сена, се развивал низ векови, но во втотата половина на XIX век, претрпел радикална реконструкција.

2. Лондон, Велика Британија – 20, 42 милиони странски туристи

Доколку се интересирате за историјата на Велика Британија, мора да го посетите Јужниот Кенсингтон. Тука се сместени повеќето лондонски музеи: Музеј на природни науки, Музеј на науки, Музеј на Викторија и Алберт(тука се наоѓа најголемата колекција на уметност и дизајн во светот). Ако пак сте уметнички тип, тогаш за вас е „Националната галерија“, каде што патем влезот е бесплатен. Можете да го посетите и музејот на сегашната кралска резиденција – Бекингемската палата, во која што дел од просториите 2 месеци во годината се отворена за посетители.

1.Бангкок, Тајланд – 21,98 милиони странски туристи

Прв на листата е главниот град на Тајланд, Бангкок. Историскиот центар на Бангкок се наоѓа на островот Ратанакосин Чаупраја, што во превод од тајландски значи “најголемо богатство”. Опкружен е од сите страни со канали, кули и ѕидови изградени за одбрана на главниот град.
Исто така, во историскиот центар на Бангкок е Храмот на Ват-Фо (Храмот на легнатиот Буда), најпознат споменик во овој храм е споменикот на Буда во пресрет на достигнување на Нирвана, најголема скулптура од него во оваа поза (статуата достигнува 46 метри во должина и 15 метри во висина).

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com