Најкривата улица во светот

0

Многу живописна, но во исто време крајно непријатната улица наречена Ломбард Стрит е една од главните атракции во Сан Франциско. Всушност таа низ целиот свет стана позната (снимена е во филмови, телевизиски емисии, па дури и е насликана во компјутерски игри), не целата улица, туку 400-метарски дел од улицата, помеѓу Хајд Стрит и Ливенворт Стрит.

Интересно е тоа, што овој дел од улицата се наоѓа на Рашн Хил, каде што наклонот достигнува 27 степени и доколку сакате да се најдете на дното на ридот, мора да поминете 8 остри кривини. На овој искривен дел од патот дозволен е само еднонасочен сообраќај и брзина од 8 километри на час. Затоа тука редовно се создаваат сообраќајни метежи.

Изградена од црвени тули, опкружена со живописни куќи и прекрасни цвеќиња, Ломбард Стрит привлекува стотици туристи во градот кои со сопствени очи посакуваат да ја видат најкривата улица во светот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com