Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Најден е нов лек за туберкулоза

0

Природата околу нас содржи голем број хранливи материи и токму таа може да им помогне на научниците да најдат нов начин на лекување различни болести.
Туберкулозата е многу древна и опасна болест која што има одземено милиони животи низ целиот свет. До 20 век, болеста била неизлечива, а пред само неколку децении лекарите почнале да користат антибиотици за да ги спасат пациентите.
Туберкулозата ја предизвикува тип на бактерија Кохов бацил (Mycobacterium tuberculosis), која е наречена според нејзиниот пронаоѓач Роберт Кох. Оваа бактерија многу лесно ја прилагодува својата ДНК на нови услови и е резистентна кон голем број лекови. Поради оваа причина, дури и најпознатиот лек против туберкулоза – рифамицин, во многу случаи нема посакуван ефект.
Заради тоа, истражувачите бараат нов начин за борба против туберкулоза. Научниците од универзитетот „Рокфелер“, дојдоа до заклучок дека решението сето ова време било буквално под нашите нозе. Тие докажаа дека соединенијата кои се содржат во почвата може да се справат со мутираниот Кохов бацил.
Факт е дека органските соединенија што ги содржи рифамицин се произведуваат од бактериите од родот стрептомицети (Streptomycetes), кои живеат главно во почвата. Како резултат на тоа, научниците открија нова група на природни антибактериски средства, наречени канглемицини (кanglemycins), чии молекули содржат дополнителни компоненти – повеќе шеќери и киселини. Експериментите покажаа дека овие соединенија се способни да се борат со бактерии, кои не реагираат на неговиот „постар колега“ рифамицин.
Ова откритие ќе помогне да се развие нова стратегија за борба против туберкулозата, која годишно инфицира милиони луѓе од целиот свет.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com