Начини за зголемување на продуктивноста

0

1. Чистете ја тастатурата со селотејп и четка за заби
За ова се направени неколку тестови, и направен е консензус дека вашата тастатура има повеќе бактерии отколку тоалетното седиште. Користете селотејп, или четка за заби за да ги собере штетните микроорганизи меѓу копчињата, потоа поминете со антибактериско марамче за да ги собере.
2. Пијте доволно вода
Не само што пиењето вода ќе ја намали потребата за храна, туку и ви ја зголемува концентрацијата. Најдобар начин да го направите ова е да набавите шише за вода за повторно полнење и обележете 1-2 часовен временски интервал на него за да не заборавите.
3. Набавете си растение за башето биро
Само затоа што тоа е вашата работна маса, тоа не значи дека не можете да додадете свој мал личен допир или дури и малку живот на неа. Некои бироа се малку тажни и тмурни, дури и во повеќето кул и иновативни канцеларии. Според Универзитетот во Ексетер, растенијата можат да ја подобрат благосостојбата до 47% и да ја подобрат креативноста за 45%.
4. Дознајте кратенки на тастатурата
Кратенките на тастатурата може да ви помогнат да ја промените големината на фонтот, да ја повлечете е-поштата од испраќање премногу рано и многу други. Додека ги учите, закачете си потсетници пред вас.
5. Резервирајте си време за пораки
Одредете одредено време од денот за одговарање на електронските пораки, наместо да ги читате помеѓу извршување на задачи и кршење на концентрацијата. За итните работи, има инстант пораки, па дури и брз разговор.
6. Чувајте бележник за идеи и потсетници
Купете мала тетратка за да си запишувате нешта кои не треба да ги заборавите.
7. Игнорирајте известувања (нотификации). Барем привремено …
Ако навистина треба да се фокусирате, не ви требаат апликации за продуктивност или блокатори за известување. Едноставно подесете го телефонот на нечујно и ставете го во фиока.
8. Станувајте секој час
Станете секој час, дури и само неколку минути. Одговарајте на повици на нозе, одете 20 минути на ручек и паркирајте подалеку од влезната врата.
9. Запомнете, мултитаскингот е мит
Вистински е невозможно човекот да се фокусира на повеќе од едно нешто одеднаш и да ги направи добро. Нашиот мозок само брзо се префрла меѓу задачите, паузирајќи една и преминувајќи на друга.
Имајте листа на обврски, извршете ја секоја задача поединечно и обележете ги. Ќе работите многу побрзо.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com