НАСА објави фотографии од вселената од апокалипсата во Калифорнија

0

 

НАСА објави фотографии на кои и од вселената се гледа колкав голем пожер беснее низ цела Калифорнија. Во пожарот загинаа најмалку 25 лица, десетици се исчезнати, стотици повредени, а изгореа над 6.000 објекти. Сепак, најстрашно е што воопшто нема надеж дека огнената стихија бргу ќе биде зауздана.

Над 25 илјади луѓе се евакуирани во северниот дел на државата, а на југот, во близина на Лос Анџелес наредба за евакуација добиле уште 200.000 луѓе.

Спасителите во саботата пронајдоа 14 лешеви на жители на градот Парадајс, северно од Сакраменто, главниот град на Калифорнија.

Од четвртокот повеќе од 6.700 живеалишта во Парадајс, главно станбени куќи, настрадаа во пожарот наречен Кемп Фајр.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com