Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

НАСА и Гугл создадоа интерактивна карта на Марс

0

 

Вработените во НАСА и Гугл објавија уникатен проект – виртуелна мапа на „Црвената планета“. Сега корисниците на Интернет можат да истражуваат 225 милиони километри од површината на Марс.

Со овој нов проект, љубителите на космосот и вселената можат виртуелно да ја посетат планетата Марс, нејзините кратери, вулкани и пустини. Покрај тоа, повеќето слики се достапни во инфрацрвен спектар, кој ја прикажува и температурната мапа на планетата.

„Google Mars“ („Гугл Марс“) е создаден со помош на сателитски податоци. Новинарите сметаат дека е една од најпрецизните слики на „Црвената планета“.

Исто така неодамна, претставниците на НАСА објавија интерактивна ѕвездена мапа со измислени соѕвездија.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com