Наместо на веселба, трикратниот олимпиец заврши на операциона маса

0

Како што објави пред малку фејсбук страницата „Штипски асови“, Зоран Шоров, имал сериозни здравствени проблеми во Германија, но за среќа, со брза лекарска интервенција, нема опасност по неговиот живот и тој се очекува наскоро да се врати дома.
Имено, трикратниот македонски олимпиец, пред три недели заминал во Германија, на одбележување на родендените на неговиот шура и внукот во Штутгарт, каде 1991 година на ЕП го освои бронезенииот медал. Наместо да има убави нешта, му се случила голема непријатност. За малку можело да се случи најлошото, бидејќи имал проблеми со дишењето. Итно бил пренесен во болница, каде лекарите констатирале дека е во животна опасност, а спасот е во итна операција на грлото. Веднаш го ставиле на операциона маса.
Со него, за среќа била и неговата сопруга Павлина, која го придружувала во Германија, инаку медицинска сестра. Таа му укажала прва помош, го храбрела.

„Останав две недели во болницата да се лекувам по операцијата. Имав голема мака. Се спасив од најлоштото. Ми помогна и мојата сопруга. Не случаијно рекле „женичка- богородичка“. Благодарност упатувам и на германските лекари, кои веднаш интервенираа и ме спасија. Не дозволија да се вратам во Македонија кога видоа во каква состојба сум. Сега ја напуштив болницата. Ми треба одмор. Никогаш во животот не сум имал проблеми со грлото, но ете за моја несреќа ми се случи да имам и тоа во Германија. Наместо да присуствувам на радост, јас имав голема непријатност. …“- пишува Зоран Шоров на фејсбук страницата „Штипски асови“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com