Накит на кој што нема да можете да му одолеете

0

Ако сте тип на човек, кој многу тешко станува во раните утрински часови од кревет, а камоли да размислува за облека – накитот може да ве спаси. Носете едноставна бела маица, црна ролка или широк џемпер, но пробајте да искомбинирате со некој интересен накит – така ќе добиете изглед, достоен за восхит. Еве кои парчиња се моментално во мода
1. Кружни обетки
Златните кружни обетки се карактеристичен знак на деведесеттите години. Но, многу работи се имаат променето. Денес дизајнерите нудат обетки од најсмели бои и од најнеочекувани материјали: од мониста до бисери, па дури и од стврднати смоли, само обликот останува непроменет.

2. Обетки од прозрачен материјал
Овие модерни обетки, кои што се прават од стакло или пластика, можете да ги носите во секоја пригода.

3. Долги обетки
Овие елегатни обетки кои што висат и до вашите рамена, може да ги ставите за некој состанок или пак за ручек со љубениот.

4. Обетки со цветови
Дозволете на вашите уши да процветаат неколку ароматни букети, природни цвеќиња во вид на замрзнато злато.

5. Обетки со морски мотиви
Дизајнерите оваа година ја научиле тајната на океанот, па дури и во зимски период предлагаат да не се откажете од мистичните обетки на сирена и ѓерданите изработени од морски школки .

6. Брош
Ова не е игличка со глава, како што постарите носеле, туку креативни и светли елементи што го одразуваат вашето расположение или став. Носете ги со сè, од фармерки до кашмирски фустани.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com