Наградуваниот новинар доби отказ заради измислени стории

0

Познатиот германски весник „Шпигел“ отпушти еден од своите наградувани новинари по обвинувањата дека во неколку текстови измислувал детали и изјави на соговорници. Клаус Релоциус „во голема мерка фалсификувал приказни и дури ги измислувал соговорниците“, соопшти „Шпигел“.

Меѓу текстовите чија вистинитост се доведуува во прашање се и оние што освоиле награди или биле номинирани, додаваат од весникот.

Релоциус (33) признал дека ги измамил читателите во 14 стории објавени во весникот, се вели понатаму во соопштението објавено вчера. Во него германскиот весник додава дека се работи на утврдување на точната бројка на опсегот на „фабрикување“ од страна на Релоциус.

Клопчето почнало да се одмотува кога еден негов колега, со кого работеле заеднички на некоја новинарска сторија, се посомневал во неговото известување. Иако од почеток ги негирал обвинувањата, Релоциус по една недела признал дека повеќепати измислувал цели пасуси од текстовите. Во некои текстови дури се спомнуваат луѓе кои никогаш не ги видел ниту пак зборувал со нив.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com