Мултимедијален проект „Скопје во уметноста“

0

 

Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, на 13 ноември (вторник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи мултимедијален проект „Скопје во уметноста“ организиран во чест на Денот на ослободувањето. Во реализацијата на музичкиот дел од програмата ќе земат учество ХМД „Кочо Рацин“-Скопје и Гудачкото трио со гитара во состав: Фунда Али , виолина, Греса Мемети, виолончело, Енаљда Шеху, виола и Јетмир Мехмеди, гитара.

Во продолжението на вечерта ќе следи поетски перформанс со танцов дел под наслов „Роденденски подарок за тебе Скопје“, со учество на Моника Стојанова, Марина Ристеска и Давид Костадиновски.

Посетитителите на вечерта ќе проследат и избор поезија во изведба на авторите Васил Тоциновски, Благоја Иванов, Христо Петрески, Марина Мијаковска, Пунторије Муча Зиба, Димо Димчев, Љерка Тот Наумова, Јусуф Сулејман и Стојан Арсиќ

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com