МУЗИКА ОД TRIPNOTIC И DJAIKOVSKI ВО BEAT FEVER

0

Филтер Лабел известува дека најпопуларната музичка мобилна
игра во светот, Beat Fever – Music Planet, од неодамна содржи по две песни од
македонските продуценти Tripnotic (Емил Хаџи-Панзов) и Djaikovski (Кирил Џајковски).
Песните “Trip Naughty” и “Tricky Treat” од Tripnotic и “Hell of a Road” и “Spin Off”
од Djaikovski се дел од специјалното претставување на македонската издавачка куќа
Филтер Лабел во играта Beat Fever – Music Planet. Станува збор за посебен дел од
играта, тн. showcase, кој е поделен во два дела – Bangers и Sunshine. Првиот е
посветен на електронскиот дел од каталогот и содржи клупска музика, додека во
вториот се сместени инди рок музичари кои издаваат за Филтер. Песните во играта се
појавуваат во специјален “гејмифициран” формат и се всушност интегрален дел од
неа.

Покрај Tripnotic и Djaikovski, во ова претставување се вклучени уште неколку
музичари и групи кои издаваат за македонската издавачка куќа: Mark Allsworth, Josh
Chambers, Goodbye Nova, Pebble’s, The Lost Patrol и The Brother K Mellee.
Beat Fever – Music Planet е најпопуларната музичка игра за мобилни уреди во
светот. Има преку пет милиони корисници низ целиот свет и ги поддржува сите
мобилни платформи.

Покрај Филтер Лабел, во играта слични претставувања имаат
некои од напопуларните музички ѕвезди и брендови, меѓу кои и Bruno Mars, Janet
Jackson, Steve Aoki, Sia, The Crystal Method, Spinnin’ Records, DJ Mag и други.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com