Музика од научнофантастични филмови со Македонската филхармонија

0

 

Научна фантастика на платно“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија кој ќе се одржи овој четврток (29 ноември) во 20 часот. Под диригентската палка на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведе теми од некои од најдобрите научнофантастични филмови на сите времиња: „Војна на ѕвездите“, „Ѕвездени патеки“, „Одисеја 2001“, „Алиен“, „Аполо 13“, „Почеток“, „Меѓуѕвезден“…

Маестро Тимоти Редмонд (1971) е еднакво активен како диригент и на концерти и на опери во Европа и во САД, посветувајќи внимание и на музичките проекти со малку попопуларна конотација, како што е филмската музика, на пример. Тој е професор по диригирање на школата за музика „Гилдхол“, наедно е и шеф-диригент на Филхармонијата на Кембриџ и е редовен гостин-диригент со Лондонската филхармонија. Постојано диригира и со останатите оркестри во Велика Британија, како што се Филхармониските оркестри на Би-Би-Си, симфониските оркестри во Шкотска, Кралскиот филхармониски оркестар од Ливерпул, Англискиот камерен оркестар, Бритн синфонија, Градскиот симфониски оркестар на Бирмингем итн.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com