МРТ најави санкции за уредникот на албанската спортска редакција

0

Македонската радио телевизија најави санкции доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс кај уредникот на албанската спортска редакција, Мустафа Адеми, кој во преносот од мечот Македонија-Јапонија го нарекуваше македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов „играчот со бројот пет“, неизговарајќи му го името и презимето.

Како што велат од МРТ за среќа се уште трите канали на јавниот сервис имаат ист директор. Нагласуваат дека изјавите на вработените се нивен личен став.

„Македонската радио телевизија е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, се уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се злоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност.

Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси“, соопштија од МРТ.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com