Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

„Морам да ослабам, зашто сакам да бидам тука подолго за моите три деца“

0

Кејт Хадсон (39) се фотографираше во домашен амбиент во куса маица и хеланки, покажувајќи го своето тело два месеци по раѓањето на третото дете. На социјалните мрежи во прилог на фотографијата таа објасни дека сака да ослабне поради нејзиното здравје, а додаде дека има тактика и дека си даде рок до пролет.

„И – еве сум! Веќе се уходивме со бебето па сега може да одвојам малку време за себе. За мене, тоа значи за моето здравје. Зошто? Затоа што сакам да живеам долго за своите три деца. Знам дека многумина сега се прашувате што значи тоа, но сите мајки во светот, без оглед на тоа дали тие работат или не, знаат колку е тешко е да се балансираат времето за децата и времето за себе. Ајде да се соочиме со тоа, децата се секогаш на прво место и притоа е многу тешко да се одвојат неколку моменти за себе“, тоа се размислувањата на познатата актерка, која и покрај славата и помошничка во домот што може да си ја дозволи, како мајка се најде во позиција како и секоја обична жена.

„Многу истражував и пробував различни методи кои им помагаат на здравјето на телото и умот. Решив за режимот на вежбање и исхрана што сакам да го споделам со вас, и си дадов рок до пролет да симнам 12 килограми“, вели Хадсон.

„Сакам да продолжам да дојам и да имам доволно млеко за бебето, сакам да бидам таму за сите три деца, сакам да работам, сакам да се посветам и на партнерот, да разговарам со пријателите и – да останам нормална“, изјави Кејт Хадсон свесна дека си постави тешка задача, но сигурно изводлива.

Кејт има два сина, 14-годишниот Рајдер Робинсон и 7- годишниот Бингам од две претходни врски, и ќерка Рани Роуз Хадсон Фуџикава е нејзино прво дете од врската со партнерот Дани Фуџикава.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com