„Момо“ и „Синиот кит“ – опасни игри со детската наивност

0

Информацијата пласирана на некои од порталите, дека основци од училиштето „Коле Канински“ во Битола, наводно, инспирирани од интернет-игрите „Момо“ и „Синиот кит“ се самоповредувале, правејќи засеци на рацете, ја вознемирија битолската јавност. Во ситуација кога надлежните институции се уште не знаат за какви игри станува збор и молчат за овој немил случај, во градот под Пелистер со голема брзина се раширија разни верзии за случајот.

Со цел да се информираме за случајот се обративме во ОУ „Коле Канински” каде водевме што отворен разговор со директорот на училиштето, Зоран Мирчевски, како и со педагогот. Додека го водевме разговорот, телефонот на директорот Мирчевски буквално експлодира од повици.

-Јас и сега не знам за какви игри станува збор. Какви се тие „Момо” или „Синиот кит”. Штотуку се враќам од битолската полиција, каде што имавме подолг разговор за овој случај – ни изјави Мирчевски.

А се почнало уште во ноември минатата година, како некаква детска игра. Наводно, едно девојче од осмо одделение, кое дотогаш било за пример во училиштето како одлична ученичка, преку ноќ го сменила не само својот начин на однесување и карактер, туку и својот стил на облекување и ликот. Таа нагло попуштила со дисциплината, оценките и се почесто отсуствувала од училиште. Таквото нејзино непримерно однесување им станало сомнително, не само на нејзините соученички, туку и на педагогот и психологот. Откако одбила да каже што се случува со неа, тие за тоа ги известиле нејзините родители, кои исто така констатирале дека со девојчето нешто се случува и дека во последно време се почесто доцна се враќала дома, како и оти најчесто времето го поминувала во некој интернет-клуб во градот, каде што комуницирала со некои фанови.

Според приказната која ни ја раскажаа во ОУ „Коле Канински“, осмоодделенката, покрај тоа што го сменила карактерот и од мошне мирно девојче станала насилна и дрска, наводно, почнала и да им се заканува на некои помали ученици од шесто  одделение, кои од селото Буково настава посетувале во ОУ „Коле Канински“, а и да се расправа со нив околу некои симпатии. Притоа, наводно, таа им кажала дека, за да се уверат дали симпатијата нив ги сака, требало да направат најмалку по 12 засеци по нивните раце и им ја покажала својата рака. Некои тоа го прифатиле и почнале како неа да прават засеци.

– Таквите информации почнаа да стигнуваат до нас, но сепак мислевме дека станува збор за детски игри – вели директорот Мирчевски, кој за ваквата појава уште тогаш ја известил полицијата.

Но, откако на Инстаграм излегла сликата на осмоодделенката каде што јасно се гледа дека имаа 12 засеци на рацете, како и таа на која била сликана со некои маски, што излегла во јавноста од некое друго основно училиште, во ОУ „Коле Канински” најпрво се запрепастиле, а потоа одлучиле за сето тоа да ја известат полицијата, а и да направат контрола на рацете кај сите ученици.

Целата приказна во Нова Македонија

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com