Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Мозокот на ноќните птици има послаба функционалност отколку оној на ранобудните

0

Во една нова студија, научниците известуваат дека луѓето чии внатрешни часовници им велат да си легнуваат доцна, но потоа се принудени да се разбудат рано, имаат помало поврзување на мозокот до регионите поврзани со свеста.

За време на експериментот, истражувачите го скенирале мозокот на ноќните птици со легнување во 02:30 и време на будење од 10:15 часот, заедно со ранобудните. Тестовите – кои се вршеле помеѓу 8 наутро и 8 часот навечер – откриле дека ноќните птици имаат послабо внимание, побавни реакции и зголемена поспаност. Ранобудните биле најмалку поспани и имале најбрзо време на реакција во раните утрински тестови. Тие, исто така, ги извршувале задачите значително подобро во ова време од ноќните бувови. Спротивно на тоа, ноќните птици биле најмалку поспани и имале најбрзо време на реакција во 8 часот навечер, иако не биле многу подобри од раните птици во тоа време.

Поврзувањето на мозокот со регионите што претпоставуваат подобри перформанси и пониска поспаност беше значително повисоко кај ранобудните во секое време(од 8 наутро до 8 навечер), што укажува дека поврзаноста кај ноќните птици е оштетена во текот на целиот работен ден.

Со тоа што функционалноста на нивниот мозок е помалку добра, за ноќните птици е потешко да се обрне внимание во текот на денот.

Нашата студија е прва што покажува потенцијален внатрешен невронски механизам за тоа зошто ноќните птици можеби се соочуваат со когнитивни недостатоци кога се принудени да се активни во оваа временска рамка“ објаснува водечкиот истражувач Елис Фејсер-Чајлдс. Ова истражување, исто така, укажува на тоа дека ноќните бувови се помалку компатибилни со работниот ден од 9 до 5, од оние што природно се разбудиле порано. Значи Фејсер-Чајлдс сугерира дека цврстиот распоред 9-5 можеби ќе треба да се промени.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com