Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Модната куќа Мошино обвинета за плагијат

0

Кога станува збор за модата, постои многу тенка линија помеѓу инспирацијата и плагијатот. Толку тенка што дури и  големите модни брендови како што се Зара и Диор биле обвинувани за плагирање на дела на помалите дизајнери. Но тоа не е сѐ. Неодамна, познатата модната куќа Мошино беше обвинета за кражба на работата на друг уметник, а сличноста меѓу нив не е за занемарување.

Еда Гимнес, млада дизајнерка со седиште во Лондон, го сподели на Фејсбук своето разочарување откако ја виде најновата колекција на Мошино. Во нејзината Фејсбук објава, таа тврди дека познатата модна куќа и го копирала трудот без нејзина дозвола. Она што ја влошува ситуацијата уште повеќе е тоа дека пред една година се запознала со некого од Мошино и им ја покажала својата работа.

Веднаш откако ја видел нејзината Фејсбук објава, дизајнерот Џереми Скот (воедно и креативен директор на Мошино), даде одговор на таквите обвинувања на Инстаграм со негирање на тврдењата и рече дека соодветната колекција е потполно инспирирана од претходните колекции на Мошино.

Ова се споредбите кои Еда Гимнес ги објави на својот Фејсбук профил( нејзините дела се од лево, а на Мошино од десно):

 

 

Џереми Скот, дизајнерот и креативен директор, брзо одговори на нејзините обвинувања:

„Не е вообичаено за мене да одговарам на трачеви, или да ја ставам во прашање мојата инспирација, но чувствувам дека мора да се одбранам против ова“. Тој негираше дека ја користел работата на Гимнес и објави разни модели од претходните колекции.

 

 

Пошироката јавност има различни ставови во врска со тоа кој е во право- едни велат дека Гимнес треба да поднесе тужба против Мошино за очигледно копирање на нејзината работа, но  други велат дека тој тип на текстил е дизајниран пред долги години и Гимнес не е таа која го креирала прва.

Што мислите Вие?

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com