Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Модната куќа „Келвин Клајн“ остана без дизајнер

0

По само две години, четири колекции и неколку награди, Раф Симонс одлучи да ја напушти модната куќа Келвин Клајн пред истекот на договорот, што беше прилично непријатно изненадување за љубителите на модата.

Раф Симонс е еден од најистакнатите дизајнери меѓу модните ентузијасти. Работел во големите модни куќи како што се Џил Сандерс, Диор, а Келвин Клајн ги врати на самиот врв на модата. Креативниот директор на популарниот бренд кој започна да работи во 2016 година, беше добредојден за многумина, но неговата љубов кон минимализмот не проаѓа добро во ерата на комерцијализмот. „Двете страни реално сфатија дека креативната визија на Симонс се коси со новата филозофија на Келвин Клајн“, вели извршниот директор на Келвин Клајн.

Иако овој бренд продолжува да биде добро позициониран на пазарот, се шпекулира дека продажбата на мало во третиот квартал беше катастрофална. Калвин Клајн нема да ја претстави својата нова колекција во февруари 2019 на Неделата на модата во Њујорк, а Симонс и неговиот тим сè уште не објавија што планираат.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com