Моделот Кристина Поптрпева влезе во музичките води (ВИДЕО)

0

Кристина Поптрпева – името кое до сега сте го слушале како дел од нашата модна сцена, позната како манекенка, мисица и модел една од најангажираните модели на модното студио Црнокрак, полека но сигурно влегува во музичките води.

На нејзини 12 години Кики го совладува курсот за манекени и од тогаш почнува да го живее модниот свет. Сме ја гледале на бројни ревии, реклами, каталози, билборди, во многубројните музички спотови и избори на убавина во Македонија и надвор од неа. Од изборите за убавина би ги издвоиле; Miss Globe 2016 во Албанија – титула Мис Талент во конкуренција од 50 девојки со изведба на песната Writings on the wall – Sam Smith и Miss Elegant Universe 2018 во Либан – титула Мис Европа.

Покрај нејзината природна убавина и атрактивен изглед, Кристина реши да го додаде и нејзиниот талент за музика, кој како пакет се надеваме ќе ви се допадне.

Кристина ја сними својата прва кавер верзија од песната на David Guetta, Bebe Rexha & J Balvin – Say My Name. Видеото го изработи нашиот фотограф Тоше Јанев – Јанус.

Во прилог линкот од видеото…се надеваме ќе ви се допадне нејзиното првенче.

Следно од Кристина ќе биде и снимањето на нејзиниот прв соло сингл…

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com