Мода без отпад – нов начин на размислување

0

Моден викенд Скопје и Македонското модно здружение, во неделата, 14 октомври, во Штип го приложија првиот доказ дека модата може да биде и дел од екосистемот. Капсулните колекции направени од текстилен отпад на кој работеа: Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова, Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева под менторство на дизајнерката Ирина Тошева беа содржината на модниот перформанс наречен #Sustainablestorymk – Наши први експресии, кој се одржа во Астибо фешн груп- АФГ во Штип.

-Дизајнот од нула отпад всушност не е нова технологија или материјал. Тоа е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер. Поставувањето на различни парчиња облека како сложувалка со различни техники придонесува да нема ткаенина која е залудно потрошена а добивате ново уникатно парче кое повторно може да се носи. Освен заштитата на животната средина на овој начин добивме и нови убави форми на модата. – велат организаторите.

Модниот перформанс е дел од проектот „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“. Во следната фаза учесниците ќе ги менторираат и гостите од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

Иницијативата започна во септември годинава, со континуирани активности. Завршницата ќе се случи во ноември, 2018 во рамките на Моден викенд Скопје (официјална локација на настанот „Скопје Мериот Хотел“). Проектот го реализираат Моден викенд Скопје и Македонско Модно Здружение во соработка со Министерството за економија на РМ, со поддршка од Министерството за култура на РМ во рамките на манифестацијата „Нов културен бран 2018“ и Британскиот совет.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com