Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

МНТ гостува во Москва со „Разговори во четири очи“

0

Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ, според текстот на Ингмар Бергман, а во адаптација на Тамара Барачков, ќе гостува на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, што ќе се одржи од 5 до 9 октомври во Митишчанскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија.

Според програмата на фестивалот, македонската претстава ќе биде изведена на 6 октомври, во 19 часот по локално време во театарот „Фест“ во градот Митишчи, сместен во московската област во Русија. Програмата на фестивалот содржи уште шест претстави од руски театри и една претстава од Казахстан.

Претставата која гостува на „Московски ноќи“ е копродукција меѓу Македонскиот народен театар и продуценската куќа „Скопје Филм Студио“. Премиерата на претставата се одржа на 23 декември 2015 година на Малата сцена на Македонскиот народен театар. Оттогаш, покрај

изведбите на репертоарот на матичната сцена, „Разговори во четири очи“ гостуваше на повеќе театарски фестивали во Русија, Словачка, Белорусија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, и секако, во Македонија.

Главниот лик во претставата, Ана Бергман, што го толкува актерката Амернис Нокшиќи-Јовановска, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и страдање. Останатите улоги ги толкуваат: Нина Деан, Петар Арсовски, Дамјан Цветановски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов. Продуцент е Томи Салковски, костимограф е

Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценографијата е на Сања Аврамоска.

Елемент што дава дополнителна доза предизвик  и атрактивност на ова драмско дело е што во текот на 2018 година во Шведска и низ целиот свет се одбележуваат 100 години од раѓањето на еден од најзначајните автори на филмски и театарски дела – Ингмар Бергман.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com