МНР: Проверуваме дали Груевски е во Унгарија

0

 

Министерството за надворешни работи на Република Македонија излезе со соопштение по објавениот фејсбук статус на екс премиерот Никола Груевски, дека тој е во Будимпешта.

Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно своите надлежности и во координација со надлежните институции во земјава поставува со цел да се верифицира информацијата во врска со објавата на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој објави дека се наоѓа во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил.

„Во врска со наводната информација објавена на Фејсбук профилот на Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата“, нагласува МНР.

Министерството нагласува дека веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана.

Се огласи и унгарската влада, по прашањето од македонските медиуми дали Груевски е во Унгарија и дали побарал политички азил.

„Не можеме ниту да ви потврдиме, ниту да негираме. Не сме во можност да коментираме по индивидуални барања за азил кои се уште се процесираат“, беше одговорот од Будимпешта.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com