Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Мишел Обама откри трауматичен настан од пред 20 години

0

 

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама, откри дека пред 20 години имала спонтан абортус и дека таа и поранешниот американски претседател Барак Обама ги имаат нивните две ќерки преку вештачко оплодување.

Мишел Обама (54) опишува како парот се борел со неплодноста во нејзината мемоарска книга („Becoming“), што ќе излезе наскоро. Дел од книгата е посветена на почетокот на врската и бракот со Барак и нејзиниот пат кон мајчинството.

„Се покажа дека и покрај тоа што се работи за двајца луѓе кои сакаат да станат родители, длабоко го сакаат тоа и имаат извонредна работна етика, тие не можат да зачнат дете“, напиша Обама во книгата.

Кога Мишел конечно забременила, неколку недели подоцна таа имала спонтан абортус.

„Се чувствував изгубена и сама и имав чувство како да сум потфрлила, бидејќи јас не знам колку абортусите се честа појава, за нив не се разговара“, рече поранешната прва дама во интервју за телевизиската мрежа „АБЦ“.

Во продолжение на книгата таа открива дека нејзините третмани против неплодност ѝ овозможиле да го зачне нејзиното прво дете, Малија, а потоа уште една ќерка, Саша.

„Биолошкиот часовник е реален“, рече Мишел. Кога влегла во доцните триесетти години, таа и нејзиниот сопруг одлучиле за вештачко оплодување.

„Мислам дека најлошото нешто што ние жените го правиме една на друга е што не ја сподеlуваме вистината за нашите тела и како функционираат и како не функционираат“, вели таа.

Мемоарите на Мишел Обама треба да бидат објавени во вторник.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com