Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Мицкоски најави конвенција за избор на кандидат за претседател во Струга

0

Конвенција за избор на кандидат за претседател на Р.Македонија опозицијата ќе одржи во градот на Миладиновци, на Охридското езеро во Струга, објави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на денешната комеморативна седница на ВМРО-ДПМНЕ во чест на починатиот Љубиша Георгиевски.

-Штотуку дознав од госпоѓата Георгиевска дека сакал да ми каже да имаме конвенција за избор на претседател. Епа драг професоре, ќе имаме таква конвенција во Струга во февруари месец. И тоа беше одлука на последниот Извршен Комитет на партијата.

Мартин Лутер Кинг велеше можеме да го прифатиме конечното разочарување, но никогаш не смееме да ја загубиме бесконечната надеж. А луѓето не умираат кога престануваат нивните животи, туку живеат се додека се паметат нивните дела.

Професорот Љубиша Георгиевски беше еден од ретките интелектуални и плодоносни синови на оваа земја кој остави зад себе неизбришлива трага која ќе се памети низ годините и децениите што следат.

Луѓе растеа, живееја и остаруваа со неговото творештво. Неговите сестрани дела се додадена вредност во културната, театарската, филмската и научната сфера на нашата мила татковина. Неговиот бистар ум и течна мисла ги доловуваше најсуштествените аспекти на човечкиот живот. Неговите филмови остануваат историско благо за нашата татковина. Синовите на една нација не се забораваат, тие продолжуваат да живеат, да се споделуваат, да се сеќава нацијата на нив.

Секогаш се ставаше над ситуацијата и ја гледаше големата слика. Тоа го чинеше неговото животно и професионално искуство. Јас можам да кажам дека ја имав приликата во последниот период да поминам повеќе часови во разговори во кој најчеста тема беше токму состојбата во Република Македонија, за нашата татковина.Загрижен ќе му речев, државата ни ја разграбуваат, ја уништуваат. Со секој поминат ден, се помалку ја има. Ќе се насмееше и ќе одговореше Македонија е претседателе, поголема од сите неправди, прогони и наказувања, и таа сепак ќе воскресне и победи, бидејќи таа е идеја, емоција и наша судбина.

Ми велеше Бог секогаш има план. Македонија не постои за да биде уништена, туку да им пркоси на оние кои сакаат да ја уништат. Особена чест ми беше кога присуствуваше во МНТ при одбележувањето на празникот 23-ти октомври, денот на Внатрешната револуционерна организација. Иако во поодминати години тој сепак дојде, беше дел од манифестацијата. За мене тоа беше чест, а за него исто така беше одавање на почит кон светите букви ВМРО, но и кон партијата ВМРО-ДПМНЕ за која посвети значаен дел од својот живот.

„Ако понекогаш блескав, тоа е само затоа што горев”, беа негови зборови, но тој 23-ти, и секогаш порано постојано блескаше со својот карактер и големина.

И ми пренесе еден негов претходен цитат, велеше – „Христијан, знам дека има многу невистини, многу напади врз тебе, но знај дека сите оние кои низ животот ми ги вадеа очите, ми ги цртаа веѓите после тоа”. Тоа е големиот професор, а ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го паметиме и негуваме неговото дело.

Во негова чест ќе предложам пред органите на партијата, партиско истражувачкиот аналитички центар да го носи токму името на професорот Љубиша Георгиевски, како скромен допринос за неговото големо дело и посветеност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com