Мирсад Јонуз нападнат со тупаници и банана во Грција!

0

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз вчера бил нападнат од фудбалер со тупаници и со банана во Грција, каде во моментов е тренер на грчкиот нисколигаш Агиниакос од северна Пиреа.

Агиниакос со Јонуз го загубиле дербито на дното со 0-1 од Иродотос на Крит, но по завршувањето на мечот, македонскиот тренер бил нападнат од еден противнички фудбалер.

-За првпат во мојата кариера јас бев нападнат од противнички фудбалер и тоа без причина. Кога се враќавме во соблекувалните после завршување на мечот, јас сакав да им честитам за победата на противниците, кога еден од нив ме удри, потоа фрли банана кон мене. Судијата и делегатот го видоа целиот случај. Тоа е вистината и јас не сакам ништо повеќе да кажам за ова – изјавил Јонуз за грчките медиуми.

Јонуз е поранешен макеоднски селектор, кој беше кормилар на националниот тим во периодот од 2009 до 2011 година, а претходно шест години беше кормилар на младата репрезентација на Македонија од 2003 до 2009 година. Беше тренер во два мандати на Работнички, еднаш на Победа, а последен клуб пред доаѓањето во Грција му беше кипарски Неа Саламис.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com