Миранда Кер се појави на насловна на списанието Мари Клер

0

35-годишниот модел Миранда Кер се појави на насловната страна, учествуваше во модна фотосесија и даде искрено интервју за австралиското издание на списанието Мари Клер.

Во интервју за новинарите, моделот кој пред само шест месеци по вторпат стана мајка, изјави дека ужива во нејзиното несовршено тело и затоа не сака да изгуби тежина во најкраток можен рок.

-На моето тело му беа потребни 9 месеци да формира едно прекрасно бебе. Сега ќе ми биде потребно минимум толку време, а можеби и подолго, пак да се почувствувам пријатно во костим за капење. Или тоа воопшто никогаш нема да се случи!

Да се потсетиме, моделот е во брак со основачот на апликацијата Снепчет – Еван Шпигел, а двојката имаше свадба во мај 2017 година.

Миранда претходно беше во брак со актерот Орландо Блум.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com