Министерот Дураки има пари за ресторани, нема за кадар

0

Министрите во Владата минатата година потрошиле околу 46 илјади евра државни пари по ресторани. Најмногу од нив, околу 7500 евра потрошил министерот за животна средина Садула Дураки. За разлика од него најмалку или 50 евра потрошила министерката Апостолска.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки потрошил најмногу пари по ресторани во 2018 година, но министерството нема средства за кадар за да одговори на барањата за пристап до информации од јавен карактер. Дураки за 11 месеци потрошил 472 996 денари или околу 7500 евра, според алатката за отчетност на трошоците на носителите на јавни функции на Владата.

Во просек министерот за услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти на месечно ниво, како што е наведено во алатката, издвоил по речиси 700 евра. Најмногу пари, доколку се погледнат трошоците по месец, биле потрошени во март, минатата година кога сметките по ресторани достигнале нешто над 1500 евра или повеќе од три просечни плати во земјата.

Целиот текст на Радио Слободна Европа

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com