МЕЃУНАРОДЕН ПОЕТСКИ КОНКУРС „АНТЕВО СЛОВО“ 2018-19 ГОДИНА

0

(„Антево слово“ – меѓународен конкурс за поезија во Сицилија, Италија)

 

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) годинава по втор прв пат го распишува конкурсот за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс тие ќе можат да бидат дел од авторите кои конкурираат за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 15 ноември 2018 година.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „Возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа.

Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com