Мерцедесовиот дизајнер Славче Таневски не сака да има ништо со ,,Северна“

0

Славче Таневски, дизајнер на возила од марката ,,Мерцедес“, побара од сите владини институции да го избришат неговото име во објави каде се поврзува со новото име на државата, Република Северна Македонија. Тој на социјалните мрежи ја објави пораката што ја испратил до Агенција за иселеништво:

,,Ги замолувам сите владини институции кои во името содржат ,,северна“ (а не се од Северна Ирска и Северна Кореја) во никој случај да не ги користат моето име и дело за било какви цели. Не постоите за мене и јас не постојам за вас. Чао пријатно!

Македонци, се надевам ќе го следите мојот пример! Споделете!

#Македонија#бојкотирам#блокирам#брц#Macedonia#forever “-напиша Таневски.

Агенција за иселеништво ги отстрани објавите со неговото име.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com