Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Меланија Трамп со „Гучи“ ја засени првата дама на Полска

0

 

Меланија Трамп ја започна успешно серијата на нови есенски стајлинзи. За дочекот на најпознатиот пар од Полска се одлучи за чиста елеганција по која е најпрепознатлива.

Во прекрасното „Гучи“ палто првата дама на САД заедно со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, ги пречека во вторникот во Белата Куќа полскиот претседател Анджеј Дуду и сопругата Агата Корнхаузер-Дуду.

Додека Меланија носеше само еден клучен детал од стајлингот – волнено бело палто комбинирано со едноставни црни високи потпетици, првата дама на Полска се обиде да и парира со црни панталони, црн топ и бело сако со црн ремен и црни салонки.

Модниот избор на Меланија сепак изгледаше многу попривлечен. Но, како што беше нереално добар стајлингот на Меланија, нереална беше и неговата цена – околу 3.500 евра вреди едно вакво убаво парче од бутикот „Гучи“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com