Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Меланија под лупа

0

Првата дама на САД, Меланија Трамп моментално е на своето прво меѓународно соло патување, во посета на разни земји во Африка во текот на една недела.

Уште еднаш, нејзината гардероба – особено белата шапка – е под лупа. Ова утро во Кенија, таа го посети проектот “Слон на дивиот свет” во Шелдрик, облечена во крем панталони со бели копчиња и високи чизми. Попладнето, за да оди на турнеја низ Националниот парк во Најроби, додаде уште еден предмет на нејзината облека: пит шлем.

За кратко време, луѓето од целиот свет се фокусираше ма последната слика, бидејќи пит шлемовите  веќе долго време се поврзуваат со колонијалното владеење, особено во Африка и делови од Азија и Средниот Исток, каде се сметаат за симбол на угнетување.

Во текот на нејзиното време во Белата куќа, стилот на г-ѓа Трамп доби големо внимание, со што беа анализирани сите нејзини аутфити и нивното значење. “Њујорк тајмс” објави дека хаштагот #FLOTUSinAfricaBingo, започнат од професор по политички науки во Калифорнија, следи што може да се толкува како нечувствително однесување, од аутфити до активности, за време на патувањето на ФЛОТУС (,,First Lady Of The United States“).

Белата куќа допрва треба да објави изјава за пит шлемот. Источното крило објави официјално резиме на патувањето во Кенија, иако ФЛОТУС велеше: „Гостопримството што го добив го направи тоа искуство посебно. Бев зачудена од убавината на Националниот парк Најроби и бев многу заинтересирана да научам повеќе за мерките на  Кенија за зачувување. ,,Гнездото” е одличен пример за тоа што значи да ја заштитиме и негуваме нашата следната генерација, бидејќи со нивните напори  да ги обликуваат животите на толку многу деца е нешто што никогаш нема да го заборавам и со нетрпение очекувам повторно да дојдам во иднина“.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com