Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Мексиканка е најубава во светот

0

Како што пред малку објавија светските агенции, 26-годишната Мексиканка Ванеса Понсе де Леон ја освои титулата “Мис на светот 2018” на 68-тото издание на меѓународниот натпревар за убавина кој се одржа во кинескиот туристички град Сања.

Ванеса е модел, работи како волонтер во организација на поддршка на мигранти, има диплома по Меѓународен бизнис и е во бордот на директори на Центар за рехабилитација за девојки, кои претрпеле насилство.

Меѓународниот конкурс “Мис на светот” се одржал за прв пат во 1951 година по иницијатива на Британецот Ерик Морли и неговата сопруга Џулија Морли. На годинешниот натпревар присуствуваа претставнички од 118 земји и региони на возраст од 18 до 26 години.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com