Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Медениот месец на младоженците ги покори нашите очекувања

0

Џастин и неговата сегашна жена Хајли ги воодушевија туристите во Лондон, кои и во најлудите соништа не би помислиле дека би го делеле воздухот со новиот брачен пар пред лондонското „око“.

Врската на младиот и успешниот пејач Џастин Бибер и манекенката Хајли Болдвин се разви со брзината на светлината. Пред само неколку месеци врската излезе во јавност, откако објавија слика на инстаграм како се држат за раце и останатото е кратка историја, која траеше само две недели. Ова турбулентно патешествие заврши со овековечување на нивната љубов во Лос Анџелес.

За необичниот избор на прославување на нивната љубов во гужвата и буката во главниот град на Велика Британија, не останаа рамнодушни многу странски медиуми и портали.

Разбушавениот Бибер, облечен во необични тренерки и широк дуксер, заедно со неговата драга, облечена во сиви тренерки, трпеливо го чекале својот ред на атракцијата која овозможува глетка која остава без здив. Таму уживале и си разменувале ситни нежности.

 

После возењето, додека Хајли и Џастин шетаа низ градот, младиот пејач ги воодушевил случајните минувачи кога во раката земал гитара и почнал да пее, по што се собрала голема група на фанови.

Многумина забележале дека заљубениот Џастин постојано бил во добро расположение и дури не му биле тешко да разговара со фановите што ги сретнал додека пиел кафе во Старбакс.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com