Меган Маркл се врати на Инстаграм?

0

Меган Маркл се врати на Инстаграм – само за момент! Нејзиниот стар профил беше реактивиран на Инстаграм, рано наутро на 18 декемвври.

Кралските надгледувачи забележаа дека сите слики на војвотката се вратени и активни на нејзината страница. Сепак, забавата не траеше долго, бидејќи страницата беше отстранета за неколку минути. Извори кажуваат дека реактивирањето на нејзиниот профил се должи на „технички проблем“. Профилот на Меган, кој имаше три милиони следбеници, беше деактивиран во 2017 година – по веста за нејзината веридба со принцот Хари.

Меган не е сосема надвор од светот на социјалните медиуми. Војвотката и нејзиниот сопруг делат официјални Твитер и Инстаграм профили со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com