Меган Маркл под строг режим

0

 

Меган Маркл и принцот Хари неодамна ја поделија со јавноста веста дека ќе станат родители. Новиот член на кралското семејство се очекува на пролет, а тоа значи дека поранешната актерка ја очекуваат многу тешки месеци, бидејќи ќе мора да се придржува до одредени правила.

Така, за патувањето на службената посета во Австралија таа мораше да бара посебна дозвола, но дури по 12 недела од бременоста, кога ултразвукот потврди дека се е во ред со бебето.

Како што објави „Дејли стар“, војвотката по оваа турнеја ќе мора да направи пауза во патувањата, што значи дека нема да може да ја посети ни мајка си која живее во САД.

Кралските правила за бременоста налагаат дека полот на бебето не смее да се дознае се до раѓањето, а ќе изостане и традиционалното дарување на детето, бидејќи се смета дека, со оглед на нивниот статус, тоа не би било примерно.

Посебен протокол постои за самото породување, бидејќи ќе треба да асистираат три бабици, двајца акушери, три анестезиолога, четири хирурга, двајца помошници, четири педијатри, лаборант за крв и дури тројца менаџери.

Сите овие правила важеа и за Кејт Мидлтон, која роди три деца.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com