Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Меган Маркл вежба Хонги

0

Меган Маркл се подготви за претстојното патување во Нов Зеланд за време на нејзиното прво самостојно излегување на уметничката изложба „Океанија“, каде што изведуваше Хонги – традиционален поздрав од носот на Маори – со неколку нејзини домаќини.

Уметницата Сара Хадсон притоа изјави: „Мислевме дека тоа би можело да биде убава пракса пред таа да дојде во Пацификот следниот месец, и убаво е да можеме да практикуваме нешто што е вообичаено за нас“.

Меѓутоа, тоа не и’ беше прво Хонги на Меган. Тоа се случи во април оваа година, кога таа и Хари присуствуваа на службата во зори на „Денот на Анзак“ во Лондон.

Членовите на кралското семејство се добро запознаени со пријатниот поздрав, кој служи за намена слична на формално ракување или бакнување на образот и вклучува истовремено притискање на носот и челото на двајцата кои се поздравуваат.

Принцот Хари првпат го направил Хонги поздравот кога пристигнал во Нов Зеланд во 2015 година.

Кејт Мидлтон го совлада традиционалното поздравување за време на нејзината тринеделна турнеја низ Австралија и Нов Зеланд во 2014 година, на нејзината прва официјална посета во странство со Вилијам и принцот Џорџ. Новата мајка дури и се наведна да сподели размена со симпатичното девојче.

Принцот Вилијам исто така е запознаен со поздравот. Овде тој добива Хонги за време на посетата на островот Капити во 2010 година. По размена на овој поздрав, посетителите се сметаат за обединети со нивните домаќини.

Принцезата Дијана се поздравила со Маори со традиционален Хонги за време на веселбата во Велингтон, Нов Зеланд, во 1983 година.

Принцот Чарлс го комбинираше овој потег со ракување во текот на посетата на Нов Зеланд во 2015 година.

Хонги преведено значи „споделување на здив“.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com