Мајсторе, пази мост!

0

Жителите на Шкотска беа сведоци на несекојдневен инцидент што се случи пред некој ден. Имено, возач на авто транспортерот, кој носел неколку нови Јагуар и Ленд Ровер автомобили, не ги земал во предвид висините на сопствениот превоз – и речиси го испрати целиот товар во депонија.

Железничкиот мост во областа Перт, кој се покажа дека е малку низок, му помогна во тоа, така што ги отстрани покривите од двата Рејнџ Ровер Спорт. Исто така, не останал поштеден ни кросоверот “Јагуар Ф-Пејс”, но не толку значајно како неговите колеги, кои претрпеа неповратна штета.

Инцидентот предизвикал сериозен сообраќаен метеж, за чие расчистување било потребно околу еден час. Покрај тоа, неопходно било  извесно време да се блокира движењето на возовите преку мостот, бидејќи железничките специјалисти морале да ја проценат големината на штетата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com