Мајли Сајрус е најголема обожавателка на Бритни Спирс

0

26-годишната Мајли Сајруз, на промоцијата на нејзината нова песна, беше пресреќна кога ја прашаа дали некогаш би работела со Бритни Спирс. Таа веднаш истакна дека веќе соработувале на нејзиниот албум „Bangerz“ во 2013 на песна наречена „СМС“. Таа додаде: „Тоа беше едно од најдобрите искуства досега и дефинитивно би го сторила тоа повторно. Ние соработувавме. Ако не сте забележиле, јас сум првата личност што и коментира на секоја фотографија што ја објавува, јас сум нејзин најголем обожавател“.

Прекрасната русокоса, која беше верена за актерот Лиам Хемсворт (28), од јуни 2012 година, исто така, разговараше и за тоа кога таа и нејзиниот британски соработник Марк Ронсон повторно би можеле да работат заедно. „Мислам дека тоа веројатно ќе биде подоцна во годината [2019] или во почетокот на 2020 година, само затоа што навистина сакам да си дадам повеќе време кога работам нова музика“.

Мислам дека времето е сè, како што е прикажано со оваа песна“, рече таа, мислејќи на нејзиниот последен сингл: „Nothing breaks like a heart“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com