Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Маца гостува во Скопје

0

 

Сараевскиот актер Драган Маринковиќ-Маца, на 16 ноември, во 20 часот, во Домот на АРМ во Скопје ќе гостува со стенд ап шоуто „Добредојдовте на терапија“.

Легендарниот хуморист и забавувач Маца, за оваа прилика најавува забава која ќе ве извади од реалноста и ќе ве однесе во фантастичниот свет на стариот добар балкански хумор на кој израснале генерации!

Сараевскиот актер е своевиден хумористичен булдождер кој ги урива сите бариери и со тоа успева нагонски и природно да ги насмее своите обожаватели. Популарниот Маца веќе се има преставено со успех пред скопските љубители на добриот хумор и стенд ап комедиите, а билетите за неговото најново шоу пред македонската публика може да се купат од сајтот на Купи карти за сè.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com